Нови 13 случаи на Ковид-19 од направени 3.404 тестирања се регистрирани во земјава изминатото деноноќие. Седум од новите случаи се од Тетово, а шест во Скопје.
Министерството за здравство попладнево информираше дека нема починати пациенти, а оздравен е еден пациент од Прилеп.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.783. Бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати 5.487, а на активни случаи 172. Досега направени се вкупно 906.529 тестирања.
OhridNews