„ЕСМ Продажба“ од 1 јануари годинава го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, која почна да се спроведува во декември 2022 година.
Како што велат од компанијата, за снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта, 57 фирми од прехранбената индустрија и шест водостопански претпријатија. Со тоа компаниајта сега вкупно снабдува 374 основни и средни училишта, 244 субјекти од прехранбената индустрија и 57 водостопански претпријатија или вкупниот број на субјекти кои ги снабдува „ЕСМ Продажба“ по оваа владина одлука изнесува 675. Потрошувачите од прехранбената индустрија добиваат електрична енергија по цена од 80, а училиштата и водостопанствата по 95 евра за мегават час.
До 20 јануари е рокот за пријавување за снабдување од 1 февруари 2023 година за субјектите кои од различни причини досега не поднеле документи или поднеле некомплетни документи за субвенционирано снабдување, порачуваат од „ЕСМ Продажба“.
OhridNews