Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи со КОВИД-19 и 123 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од 127 новозаболени од Скопје се 57, Битола 24, Охрид 7, Прилеп и Велес по 5, Струга, Берово и Валандово по 4, Кавадарци и Кичево по 3, Куманово и Струмица по 2 и Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Македонска Каменица по 1.
Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.
Од 123 оздравени пациенти од Скопје се 68, Битола 19, Струмица 7, Кавадарци и Гостивар по 4, Велес, Штип и Струга по 3, Прилеп, Кичево и Гевгелија по 2 и Куманово, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш и Виница по 1.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едното починато во домашни услови и второто во болнички, пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.
OhridNews