Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи со КОВИД-19, седум починати и 543 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 124 случаи од Скопје се 98, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Охрид – 3, Штип и Дебар – по 2, Куманово , Тетово , Струмица, Кичево , Струга и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.

Од 543 оздравени пациенти од Скопје се 289, Битола – 39, Прилеп – 38, Куманово – 25, Кичево – 19, Гостивар – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Штип – 12, Охрид и Ресен – по 9, Тетово, Струмица, Кочани и Неготино – по 7, Гевгелија и Делчево – по 6, Струга и Крива Паланка – по 5, Демир Капија – 4, Богданци – 3, Свети Николе, Кратово, Крушево , Демир Хисар, Македонски Брод и Макденоска Каменица – по 1.

Од седумте починати лица две се од Скопје (36г и 74г) и едно починато лице од Тетово (60г), Битола (67г), Прилеп (70г) ,Кочани (70г) и Пробиштип (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews