Во последните 24 часа регистрирани се нови 124 случаи на Ковид-19, од направени 1.798 тестови. Регистрирани се 114 оздравени пациенти, а нема пријавено починати лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.Од новите случаи, во Скопје се 67, Битола 24, Прилеп 8, Охрид 5, Берово 4, Тетово и Кичево по 3, Куманово 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Кочани, Ресен, Делчево и Кратово по еден.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.

Регистрирани сe 114 оздравени пациенти од: Скопје – 66, Битола – 21, Берово и Тетово – по 4, Куманово и Струмица – по 3, Прилеп, Кавадарци, Штип и Радовиш – по 2, Кичево, Велес , Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

OhridNews