Во последните 24 часа се направени 2024 тестирања при што се регистрирани 302 нови случаи на Ковид-19, починати се десет лица, а 444 пациенти оздравеле.
Од вкупниот број новинифицирани, од Скопје се 165, Велес – 14, Куманово – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 12, Тетово – 11, Дебар – 8, Струмица – 6, Радовиш – 6, Делчево – 6, Гостивар – 6, Штип – 5, Прилеп – 5, Битола -5 , Демир Капија – 4, Струга -3, Свети Николе – 3 , Кочани – 3, Гевгелија – 3 , Неготино -2, Крива Паланка – 2, Кратово – 2, Кичево -2 , Дојран – 2 , Ресен – 1, Берово -1, информира Министерството за здравство.
Од починатите десет лица, пет се од Скопје (83,75,82,70 и 47г) и по едно лице од Струмица (67г), Струга (55г), Прилеп (61г), Охрид (85г) и Гостивар (51г). Девет починале во болнички услови, а едно лице е починато во Дом за стари лица во Скопје.
Институтот за јавно здравје регистрира 444 оздравени пациенти, 2 од Охрид.
Во моментов во Охрид има 399 активни случаи, а во Струга 161.