Во текот на седмата недела од 2025 година во државата се пријавени 2726 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип што е за 5,3% помалку во споредба со претходната недела. Споредбено со истиот период минатата година бројот е зголемен за 97%.

Оваа недела како и претходната недела имаме намалување споредбено со неделата претходно, но во однос на неделата со минатата сезона имаме драстично зголемување на бројката. За среќа и оваа втора недела по ред имаме намалување споредбено со пртеходната недела. Најголем број од случаите се на возраст од 15 го 64 години односно 1494 лица, 655 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 289 кај лица на возраст над 65 години и 288 кај деца на возраст од 0 до 4 години. Заболените се пријавени најмногу во Скопје- 616 лица, по што следат Битола, Куманово, Струмица, Штип, Тетово, Кавадарци и 118 лица во Охрид. Во останатите градови има помалку случаи од 100, изјави директорката на Институто за јавно здравје Марија Андоновска.

Во сеозната 2024/2025 година вкупниот број на случаи на грип или заболувања слични на грип изнесува 14 340. Во споредба со истиот период минатата година бројот е за 20,3% повеќе.

Да се следат препораките за превенција, да се избегнува престој во простории кај што престојуваат повеќе луѓе, често да се мијат рацете, да се загреваат просториите за престој и да се проветруваат доволно… Воедно апелирам и кај веќе дијагностицираните случаи да се следат препораките, да останат дома д ане одат на работа, децата да не одат на училиште, да се одмараат, да земаат многу течности и лесна храна, да избегнуваат блиски контакти со членови на семејството… Препораките се во насока да се избегне ширење на грипот и да се заштитат ранливите категории. За среќа немаме регистрирано случај со смртен исход, додаде Андоновска.

Н.С.Ј.