Нови 11 случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа. Од нив, пет се во Скопје, три во Тетово и по еден нов случај има во Битола, Берово и Пехчево.

Министерството за здравство соопшти дека има едно починато лице на 43 години од Македонски Брод. Оздравени се четворица пациенти.

Во моментов во Охрид има 11 активни случаи со Ковид 19.

OhridNews