Во последните 24 часа, регистрирани се нови 214 случаи на Ковид-19 од направени 2.133 тестови и 93 оздравени пациенти. Евидентирани се вкупно осум починати, пет лица во последното деноноќие и три преку системот „Мој термин“, информира Министерството за здравство информира, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.
Од новите 214 случаи, од Скопје се 135, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци – 8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по – 1.
Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 ре инфекциии.
Од 96 оздравени пациенти од: Скопје – 64, Охрид – 8, Куманово и Велес по – 5, Кавадарци – 4, Битола – 3, Кочани – 2, Кичево, Гевгелија, Струга, Радовиш и Кратово по – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г). Сите се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 95 активни случаи.
OhridNews