Во последните 24 часа се регистрирани 601 нов случај на КОВИД-19, од направени 4.501 тестирања. Оздравени се 304 пациенти, а починале 13 лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи, во Скопје се 217, Битола 68, Велес 34, Кавадарци и Куманово по 31, Прилеп и Штип по 28 , Крива Паланка 18, Кочани и Тетово по 17, Гевгелија 16, Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш по 10, Берово 9, Неготино 8, Македонска Каменица и Ресен по 5, Богданци, Виница и Гостивар по 4, Кратово, Пробиштип и Струмица по 3, Демир Хисар, Крушево и Свети Николе по 2, Македонски Брод и Струга по 1.

Регистрирани сe 304 оздравени пациент од Скопје 141, Куманово 26, Велес 16, Прилеп и Кавадарци по 15, Битола и Штип по 14, Охрид 10, Тетово и Кочани по 7, Пробиштип 6, Свети Николе 5, Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево 4, Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар по 2, Гостивар, Ресен, Виница и Кратово по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица. По 2 починати лица од Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г), и едно починато лице од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 201 активен случај, а во Струга44.

OhridNews