Прв меѓу пристигнатите во Охрид, во хотелот “Белви“ е бундес-играчот Николче Новески. Бранителот на македоснката репрезентација влече повреда, но тука е во Охрид да се стави на располагање на новиот селектор Мирсад Јонуз.

Во финишот на германската лига, пред две недели се здобив со незгодна повреда, скинав мускулни влакна и потребно е мирување. Во секој случај се одзвав на повикот на селекторот, ќе се ставам на располагање и ако има можност евентуално би настапил на претстојните натпревари– вели Новески

Новески оптимистички гледа на промената на селекторската позиција, додека промената на формацијата е нешто што треба допрва да се имплементира.

Оптимисти сме во пресрет на натпреварите, што се однесува до новата формација селекторот си ја знае најдобро работата, наше е да тренираме ќе пробаме и ќе видиме какви ќе се резултатите – смета Новески


По двегодишна пауза Новески и Мајнц се враќаат во Бундесл-игата. И покрај серијата понуди кои ги имаше од клубови како од Бундес-лигата така и од Европа не се одлучи да ја промени средината.

Две години траеше второлигашката голгота, но добро е бидејќи се’ добро се заврши и еве сме повторно во елитата. Имам уште една година договор кој ќе го испочитувам, а за понатаму ќе видиме – завршува Новески.

М.Постоловски