Со вечерашниот натпревар помеѓу екипите на Келн и Борусија Дортмунд ќе биде отворено осмото коло во фудбалскиот шампионат на Германија.

Борусија е апсолутен фаворит на овој натпревар, екипата од Дортмунд се наоѓа на второто место на табелата и има серија од шест натпревари без пораз. Келн се наоѓа во долниот дел од табелата, екипата на тренерот Звонимир Солдо е поразена на последните четири средби.

Мајнц на македонскиот репрезентативец Николче Новески, единствениот тим кој има максимален ефект во дербито на ова коло ќе ја пречека екипата на Хамбургер. Второто дерби, иако тоа не го покажува пласманот на табелата ќе се одигра во Гелзенкирхен, Шалке 04 ќе го пречека Штутгарт.

Актуелниот шампион Баерн Минхен рехабилитација за двата последовни порази ќе бара на натпреварот со Хановер.

Комплетни двојки од 8 коло во Бундеслигата:

Петок, 15. октомври:
Келн – Борусија Дортмунд

Сабота, 16. октомври:
Баерн Минхен – Хановер, Шалке 04 – Штутгарт, Вердер – Фрајбург, Мајнц – Хамбургер, Сент Паули – Нинберг, Волфзбург – Баер Леверкузен

Недела,17.октомври:
Кајзерслаутерн – Ајнтрахт, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах.

“Извор Макфакс“
Ohridnews