Македонскиот репрезентативец Николче Новески викендов во рамките од 20 –  то коло во германската Бундеслига ќе ја предводи одбраната на Мајнц на гостувањето на „Алинац Арената“ кај Баерн Минхен.

Majnc во првиот дел од сезоната на домашен терен го победи Баерн со 2-1, а македонскиот бранител си постигна автогол. 

Баерн Минхен е во страшна серија од пет последователни победи која го однесе на второто место на табелата со два бода заoстанување зад Леверкузен. Мајнц со 25 бода е во златната средина во Бундес лигата.

Двојки 20 коло:
Хамбург – Волфсбург, Баерн М. – Мајнц ,Б.Менхенгладбах – Вердер Б.,Херта – Бохум Ајнтрахт Ф. – Келн ,Хановер – Нирнберг Шалке – Хофенхајм , Штутгарт – Б.Дортмунд , Б.Леверкузен – Фрајбург

М.П.