Стандардниот дефанзивец на националниот тим Николче Новевски со тимот на Мајнц одигра само 1-1 во квалификациски дуел за Европа купот против Газ Метан. Новевски вели дека побарал поштеда од селекторот Бабунски за пријателскиот дуел со Азербејџан.


-Навистина со Мајнц имаме напорен старт на сезоната. По дуелите со Борусија и Баерн не очекуваат тешки пресметки во Европа купот а во меѓувреме започнува и Бундес лигата што е единствената причина што побарав од селекторот Бабунски да ме ослободи од обврските. Очекувам повик за средбата со Русија и доколку не се случи нешто непредвидено ќе настапам во Москва-изјави за Веб сајтот на ФФМ Новевски.

Македонија која без игра скокна две места на ФИФА рејтинг листата на 10 август во Баку ќе се сретне со селекцијата на Азербејџан.

Микс од повратници и новаци во списокот на Бабунски за Азербејџан

Ohridnews