Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија, Миле Спиркоски донесе одлука неодиграниот натпревар од 21 коло на Втората МФЛ помеѓу ФК “Новаци 2005” – Новаци и ФК “Охрид 2004” – Охрид да се регистрира со службен резултат 3 : 0.
Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија разгледувајки ги материјалите од 21 коло на Втората МФЛ помеѓу ФК “Новаци 2005” – Новаци и ФК “Охрид 2004” – Охрид го констатира следното:
Согласно Одлуката број 03-255 од 19.04.2010 година неодиграниот натпревар од 21 коло на Втората МФЛ помеѓу ФК “Новаци 2005” – Новаци и ФК “Охрид 2004” – Охрид закажан е за ден 21.04.2010 година.
Според утврдениот термин со одлуката број 03-255 на ден 21.04.2010 година (среда) со почеток во 16 часот на стадионот во Новаци и по чекање од 30 минути од определениот термин за одигрување на натпреварот, од страна на делегатот и судиската четворка констатирано е дека гостинската екипа не се појави на теренот ниту се најави за евентуално каснење, по што е направен записникот на натпреварот.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com