Тоа што се очекуваше и најавуваше Фудбалската федерација на Македонија го потврди, Новаци ќе го заземе местото на Младост Царев Двор во Втората македонска фудбалска лига.
За местото на Младост во Втората лига конкурирале три екипи и тоа Новаци, Вардар Форино и Гоблен Јуниор од Куманово.
ФФМ по разгледувањето на документацијата поднесена одлучи местото ослободено по откажување на Младост да му го додели на Новаци.
Инаку, Новаци беше блиску до влез во Втората лига, но претрпе пораз од Љубанци на пенали во бараж двомечот кој се одигра во јуни.
OhridNews