Што Опра и да направи, тоа го прави со стил. Медиумскиот могул овој пат потроши 14 милиони долари на огромна вила во Колорадо, која има комплетен вински подрум, долг 17 метри, кој ова место го прави вистински замок. Просторот за вино, кој може да содржи и до 1600 шишиња, дизајниран е да изгледа како рударски тунел. Челичната количка во подрумот превезува на стари шини во една ладна соба која, според агентот за недвижности, има звучни ефекти кои делуваат како да се движите низ рударско окно, додека светлата се компјутеризирани и треперат исто како што трепери фенерот во рудниците.
Освен тоа домот е комплетиран со скијачка опрема, вклучувајќи и соба со блато, џакузи за седум лица, па дури и рударски автомобил кој ја поврзува вилата со скијачката патека во близина. Простирајќи се на 8700 метри квадратни, вилата има пет спални соби, шест тоалети, сауна, гостинска куќа и канцеларија. Во куќата постојат и два камини на дрва. Погледот однадвор е исто спектакуларен како и внатрешноста на куќата. Со просторна градина и феноменален екстериер, оваа вила со еден збор е импресивна.