Португалецот Бруно Фернандес е моторот на Манчестер Јунајтед, а младата супер ѕвезда Мејсон Гринвуд е вистинско откритие на Олд Трафорд. Тинејџерот кој се уште нема полни 18 години блесна после рестартот на сезоната и најави дека има блескава иднина во дресот на Манчестер Јунајтед.

Разигрувањето на Гринвуд го промени трансфер планот на Оле гунар Солскјер, кој конечно може да биде задоволен од изданието на своите фудбалери. Норвежанецот на клупат а од „црвените ѓаволи“ не планира да доведе голем број на играчи, туку оние кои се неопходни.

Не планирам и не можеме да доведеме шест нови фудбалери, туку само неопходни засилувања. Фудбалерите во нашиот состав се многу млади и затоа сакам да им дадам шанса. Гринвуд има 17 години. Тој има супер талент и ќе биде поразително ако на таа позиција доведам фудбалер и него го седнам на клупата. Истото се однесува кај позициите на Рашфорд и другите фудбалери. – изјави Солскјер.

Името на Манчестер Јунајтед најчесто се споменува со фудбалерот на Борусија Дортмунд, Жадон Санчо. Англискиот репрезентативец се согласил на трансфер на Олд Трафорд, а заеднички јазик треба да најдат клубовите.

OhridNews