Повеќе од 5,4 милиони гледачи ширум САД ја следеле првата епизода на новата комична серија на актерот Чарли Шин, „Контрола на бесот“. Според медиуми премиерата на оваа серија е најгледана комедија во историјата на кабелската телевизија, не сметајќи ги програмите за деца.

Комедијата во која Шин игра ексцентричен терапевт за контрола на бесот со сопствени проблеми, е прва серија на актерот откако во 2011 година бил отпуштен од популарната серија „Два и пол мажи“. Тој ја изгубил улогата откако упатил јавни навреди кон продуцентите на серијата.