Италијанскиот премиер Силвио Берлускони на својата телевизиска станица одбил да ја прикажува рекламата за новото Рено Твинго, бидејќи двете главни јунакињи во рекламата, според се, се лезбејки.
Во рекламата две девојки се погледнуваат на една забава. Се наоѓаат во еден стан и за неколку моменти подоцна да завршуваат во кревет. Една од девојките ја соблекува облеката, а другата со црна трака и ги врзува очите за да побегне и да и го укради автомобилот, новиот Рено Твинго. На крајот на рекламата пишува „Тоа е женска работа“.