Новата претстава на Народниот театар Охрид “Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, вечерва, ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“. Се работи за најпоставуваниот современ шпански текст во регионот, кој за првпат е преведен и поставен во Македонија.
Режијата е на Ирена Стеријовска, а во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов.
Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”?
Претатавата „Метод“ ќе биде изведена на малата сцена при Центарот за култура со почеток во 20 часот.
Цена на билет: 200 денари.
OhridNews