Најмладите љубители на теaтарската уметност од Охрид, денеска, во Центарот за култура „Григор Прличев“, имаа можност да ја проследат премиерата на детската претстава „Свињарот“ од Ханс Кристијан Андерсен, во изведба на охридскиот Народен театар. Претставата предизвика голем интерес, за што сведочи полната сала.

Во претставата играат актерите Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Сашо Ристовски и Билјана Билаловиќ, под раководство на младиот режисер Ѓорѓи Ризески.

-Публиката одлично ја прифати претставата и ние сме задоволни како екипа. Уште од самиот почеток до крајот претставата имаше не толку очекувана форма, специфична, во којашто ние пред, за време на претставата и после гледавме, игравме, живеевме театар, тоа публиката мислам дека добро го прифати, имаше добри реакции од премиерата и се надевам дека ќе се множат изведбите.-изјави режисерот Ризески.

Генералната порака на претставата е љубовта во контекст на современиот начин на живеење.

-Љубовта кај младите денеска е заменета со нешто друго, со потреба за материјално, изменети морални вредности. Пораката е да се вратиме кон основните вредности, да се вратиме на есенцијалното во животот. – рече младиот актер Филип Кипровски, кому ова му беше прва претстава во Охридскиот театар.

Детската претстава „Свињарот“ на Народниот театар Охрид ќе ја гледаат сите училишта во Охрид, а на 28-ми февуари ќе гостува во Домот на АРМ во Скопје.

Г.М.