Оваа година по седми пат пат во регионот ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Овој пат активностите се фокусирани на сливовите на реката Сатеска, Коселска Река, Сини Вирој, Реката Црни Дрим, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро, кои се дел од Дримскиот басен.
Спроведено е истражување кое ги опфаќа овие значајни водени ресурси, во рамки на коње се изработени повеќе кратки документарни видеа кои ќе бидат достапни за јавноста. Поради ситуацијата со КОВИД-19 оваа година ќе се оддржат online предавања за младите на кои акцент ќе биде ставен на биодиверзитетот во Басенот на Црн Дрим, информираат организаторите.
Централниот настан ќе се одржи на 26 јули, недела, на бродот Александрија 2, кој ќе плови од Охрид до Струга.
Организатор на настанот е Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар, во партнерство со Регионалниот зелен центар од Охрид.
Проектот „Новата нормалност во заштита на биодиверзитетот во Басенот на Црн Дрим“ е финансиран од ГЕФ Дримскиот проект преку Глобалното партнерство за води -Медитеран.
OhridNews