Тереза Скенлан која има 17 години е прогласена за Мис Америка на изборот кој бил одржан на 15 јануари во Лас Вегас, и со тоа станала најмладата победничка во историјата на овој избор. Убавицата се претставила во бел вечерен фустан, а жирито го освоила со одговорот на прашањето какво мислење има за Викиликс. Имено таа одговорила дека кога ќе се доведе во прашање безбедноста на нацијата, мораме прво да се фокусираме на безбедноста на луѓето, а дури после тоа на нивните права да знаат се за тоа.


Од 53 девојки кои учествувале на изборот, за прва придружничка била прогласена мис Арканзас, Алис Иди, а вниманието кон себе го свртела и мис Делавер, Кајла Мартел, која дошла до полуфиналето, иако пати од болест поради која и испаднала косата, а на пистата носела перика. Главната задача на новата победничка ќе биде да им ги објасни последиците од пореметувањето во исхраната на младите девојки во САД.