Во спортската арена „Билјанини Извори“ викендов што доаѓа ќе се одржи кошаркарскиот Супер Куп на Македонија кој ќе означи почеток на новата сезона во кошарката.
Учесници на дводневниот кошаркарски спектакл во Охрид се актуелниот државен шампион МЗТ Скопје, освојувачот на Купот на Македонија, Работнички и финалистите од плејоф и Купот, Куманово односно Кожув.
Полуфиналните натпревари се закажани в сабота со почеток во 17:30 часот односно 20:15 часот во кој ќе се сретнат Работнички – Кожув и МЗТ Скопје – Куманово.
Финалето од Супер купот во Македонија кој за прв пат се одржува во ваков формат на програмата е в недела во 19:30 часот.
Мх.П.