Писателот, поет, новинар и публицист Ристо Лазаров, бесплатно ја сподели својата најнова книга „Намерници“ на интернет.

Книгата, која неодамна излезе во печат во издание на Издавачката куќа „ВиГ Зеница“, содржи триесет и шест записи за Скопје и неговите намерници (Орвел, Горки, Хичкок, Сартр, Гомбрович, Брижит Бардо…), а кон нив се приложени и два оригинални записи на Петер Хандке и Густав Крклец.

„Намерници“ е книга што го задоволува вкусот на македонскиот читател, зашто е преисполнета со светот и светски имиња, она што нашиот жеден книгољубец одвеќе и одамна го прижелкува. – вели за најновото книжевно дело на Лазаров писателота Димитар Пандев.

Книгата „Намерници“ можете да ја прочитате на следниот ЛИНК.

OhridNews