Првиот ден од Новата година ќе донесе сончево и студено време, со мала до умерена облачност. Од изутрина и особено долж Повардарието ќе дува умерен до повремено засилен претежно северен ветер. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до -3 степени, а максималната ќе се искачи до 4-от степен Целзиусов, информира УХМР.

На 2 јануари, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната ќе се движи во интервал од -7 до 2, а дневната од 2 до 8 степени.

OhridNews