Новата фудбалска сезона ќе стартува на 1 август за Првата, односно 8 август за втората лига. Вака одлучи УО на ФФМ на седницата одржана викендов во Охрид.

УО ги прифати предлог-пропозициите за натпреварувањето во Првата , Втората и Третата МФЛ за сезоната 2010/11г. Редоследот на екипите ќе биде утврден по азбучен ред врз основа на решенијата добиени од страна на лиценцната комисија на ФФМ. Во првенствата на Македонија фудбалерите можат да бидат одбележани со броеви од 1-99.


На сите клубови кои не ги исполнуваат условите им е даден рок за жалба до вторник, (6.Јули) да ја извршат уплатата на котизацијата од првата рата.

УО го прифати анексот на одлука за трансфер на фудбалери со кој клубовите кои ги исплатиле сите долгови кон ФФМ можат да ангажираат играчи од казнетите клубови , додека оние кои ги немаат измирено обврските не можат да ангажираат играчи додека не ги имират обврските.

Наредната сезона во првата младинска и кадетска лига на Македонија ќе се натпреваруваат 16 екипи.

УО донесе одлука со која Комесарот за натпревари при ФФМ ќе раководи со натпреварувањето на Првата и Втората МФЛ. Со натпреварувањето во третите лиги раководат Управните одбори на лигите. Предлог листите на делегати, судиски контролор и судии , како и изборот на членови на Судискиот Комитет при ФФМ ќе бидат усвоени на следната седница на УО на ФФМ.

Охрид Лоте не доби лиценца за настап во Втората МФЛ

Ohridnews