Претстaвници на Новата европска театарска асоцијација-НЕТА, престојуваат во Охрид каде ги одледаа претставите „Граница“ на Венко Андоновски и „Валкани приказни“ во кои играат повеќе охридски актери.

Посетата на претствниците на НЕТА е во  функција на подготовките за театарскиот фестивал на НЕТА, што во мај годинава, ќе се одржи во Трст и Нова Горица, каде ќе настапат реномирани европски театри.

На фестивалот чест да настапат ќе имаат и македонските актери, а во тек е селекција на претстaвите кои влегуваат во потесен избор. Меѓу нив и „Граница“ и „Валкани приказни“  во кои играат актери од Охрид.

НЕТА е формирана во 2004 година во Битола и во неа денес членуваат театри и институции од областа на културата, од четиринаесет европски држави.

Ohridnews