Продуцентите на продолжението на филмот за авантурите на Џемс Бонд биле инспиративни, како и сите нивни претходници.

 Егзотичната бразилка Ана Паула Араухо ќе биде новата Бонд девојка во 23 продолжение на серијалот на тајниот агент 007.

Таа инаку е девојка на Рони Вуд, а улогата ја добила без проблеми бидејќи на аудицијата просто ги воодушевила продуцентите.

Бразилската манекенка од неодамна сака да се пробие во светот на филмот, а нема подобра шанца од појавување во идниот планетарен хит.

Новото продолжение на славниот серијал со Даниел Крег во главната улога би требало да се снима во Индија.