Откако медиумите објавиле информација дека принцот Хари е во врска со моделот Флоренс Брундел-брус, на интернет се појавиле нејзини фотографии во долна облека. Флоренс изгледа прекрасно и покажала дека навистина знае да си ја работи својата работа. Не е ни чудно што поранешната девојка на Хари, Челзи Дејви, изјавила дека се чувствува изневерено поради фактот што принцот пронашол нова избраничка, која инаку е нејзина школска другарка.
Челзи за медиумите изјавила дека Хари е прекрасен човек, но и дека е ужасен како момче. Според неа, тој не ги сваќал врските сериозно и не бил способен да се врзува. Можеби заносната манекенка конечно ќе го освои срцето на принцот Хари и ќе го убеди да застане пред олтарот. Судејќи според секси фотографиите, би се рекло дека својот изглед може да го искористи како еден од главните адути.