Британскиот принц Хари неодамна се вратил од велигденските празници кои ги минал во Трансилванија, а веќе некое време се поврзувал со пејачката Моли Кинг. Моли Кинг има 24 години и е пејачка на женскиот состав “The Saturdays”.
Медиумите соопштиле дека принцот е воодушевен од русокосата девојка. Иако се кратко заедно, парот бил вљубен до уши, после само неколку заеднички денови во Лондон. Неколку пати излегле на караоке заедно со пријателите во еден лондонски бар. Обложувалниците даваат шанса од 5 спрема 1 дека Моли Кинг ќе биде новата девојка на принцот.