Јавноста беше зачудена кога младата актерка Кристен Стјуарт прво објави дека е во врска со својата асистентка, а потоа и со француската пејачка Стефани Соколински, позната како СоКо. Ништо не би било толку страшно, доколку СоКо неодамна  не признаеше дека била во краткотрајна романса со Роберт Патисон, поранешната голема љубов на Кристен Сјуарт.

 

Кристен со Патисон беше неколку години, за потоа да го изневери со две децении постар режисер. Роберт во 2012 година ја раскина врската, а иако се шпекулираше дека се смирија, такво нешто никогаш не се случи. После тоа Кристен заплови во неколку лезбејски врски. Не е познато зошто Роберт и СоКо ја прекинаа врската, но се чини дека ова ќе остави длабока трага на врската на двете млади девојки.