Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд неодамна бил виден во друштво на манекенката Елизабет Каналис. Италијанката ја запознал во Рим, после што ја одвел на романтично патување на езерото Комо.
Елизабета се прославила во разни италијански телевизиски шоуа, во кои редовно ги покажувала своите атрибути. Потоа се ориентирала на филмска кариера. На почетокот добивала помали улоги, а во филмот “Virigin territory” ја добила главната улога.