Познатиот контраверзен фудбалер Марио Балотели има нова девојка. Нејзиното име е Фани Негуеша и лудо била вљубена во фудбалерот. Парот нема намера да се крие, па Фани редовно објавува нивни заеднички фотографии на кои таа седи на него, а фудбалерот ја гледа. Под сликата напишала дека така си играле по дома.

Заедно се откога Марио прекинал со Рафаела Фико која како што тврди самата, родила негова ќерка. Тој не ја признал, но затоа сега се забавува со атрактивната белгиска манекенка. Тој признал во едно интервју дека со неа пронашол мир. Рекол дека со личност како неа би можел да го мине целиот свој живот.