Спортскиот медиумски простор доби нов веб портал www.novasport.mk. Порталот кој е во сопственост на Мар медиа груп и се очекува да го освежи спортскиот интернет простор првенствено ќе се фокусира на случувањата во меѓународниот спорт.

 

– Идејата на порталот е да се развива во неколку фази. На стартот ќе ги следиме случувањата во меѓународниот спорт, имаме посебен дел кој ќе биде наменет за фудбалот, кошарката, ракометот, а исто така имаме посебен сегмент наменет исклучително за Формула 1, кој е подготвен со сите нишани. Во понатамошната фаза ќе биде направена една дописничка мрежа со репортери од градовите каде се игра македонското фудбалско првенство. Интернетот може да понуди многу и затоа ние се одлучивме за ваков амбициозен проект  – рече сопственикот на Мар медиа Груп, Владимир Гашоски. 


novasport.mk нов спортски интернет портал

М.П.