На дуелот со последнопласираниот Текстилец официјално деби во охридскиот состав имаше Слободан Новаковиќ. Тој подолго време тренираше со екипата, а по средување на документите веднаш му се стави на распологање на тренерот Горан Андоновски.


– Охрид за мене е нов клуб и секако ќе биде но и голем предизвик. Чувството да се игра во Супер лигата е одлично. По укажаната шанса од тренерот дадов се од себе и во иднина ќе продолжам така со моите игри во дресот на Охрид – рече Новаковиќ.

На дебито левиот бек на Охрид двата пати ја затресе противничката мрежа, а охриѓани вкупно постигнаа 42 погодоци рекордни сезонава.


– Добивме опција плус во нападот. Тој со нас тренира подолго време затоа адаптација во играта нема да трае долго. Млад е и перспективен и само со макотрпна работа ќе стигне до посакуваните резултати – потенцираше Андоновски за најновото засилување.

Во добро светло на мечот со штипјани се покажаа Димитар Наумоски, кој реализираше четири голови и пивотменот Тоше Анѓелкоски, кој три пати се запиша во листата на стрелците

Мх.П.