Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (34) ја освои шестата титула во Вимблдон, откако вечерва во своето седмо финале на грен-слем турнирот во Лондон го совлада Италијанецот Матео Беретини со 6:7, 6:4, 6:4, 6:3.
Најдобриот светски тенисер ја освои третата последователна титула во Вимблдон по три часа и 27 минути игра против 25-годишниот Беретини, кој го играше своето прво грен-слем финале.
За Ѓоковиќ ова е 20. грен-слем титула во кариерата со што го израмни рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.
Ѓоковиќ претходно триумфираше на Австралија Опен и Ролан Гарос, а може да стане рекордер според бројот на грен-слем титули веќе оваа година доколку победи и на ЈуЕс Опен.
OhridNews