Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ останува неприкосновен на првата позиција на АТП рејтинг листата. Ѓоковиќ од денеска ја започнува 316-та недела на водечкото место, што претставува нов рекорд во тениската елита. 

Ѓоковиќ неодамна го помина Рожер Федерер по бројот на недели помина на врвот, а Србинот со секоја помина недела плус го подобрува својот рекорд. Ѓоковиќ со 11 963 бодови е првопласиран, второпласиран е Данил Медведев со 10 030 бодови, а трет е Рафаел Надал со 9 670 поени.

Промени во топ 10 нема. На четвртата позиција се наоѓа Доминик Тим, а потоа следуваат Стефанос Циципас, Александар Ѕверев, Рожер Федерер, Андреј Рубљов, Дијего Шварцман и Матео Беретини.

OhridNews