Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не ја заврши 2019 година како најдобар рекет, но доби големо признание, откако специјализираниот сајт „Tennis.com“ го прогласи за тенисер на деценијата. Ѓоковиќ во борбата за престижната награда очекувано ги победи дологодишните ривали Швајцарацет Рожер Федерер односно шпанскиот тенисер Рафа Надал.

Ѓоковиќ статистички е најдобар тенисер од 2010 година до денеска ако се земат во предвид Грен слем титулите и трофеите од мастерс турнирите. Од своите 16 титули од Грен слем турнирите, дури 15 Ѓоковиќ освои во последната декада, што е повеќе во однос на Надал и Федерер. Исто така во последниве десеттина година Ѓоковиќ најмногу поминал на првата позиција на АТП листата и затоа наградата тенисер на деценијата е заслужена.

Најголема доминација каде е и направена разликата со другите тенисер е во 2015 година и половина од 2016 година кога ги освои титулите на четирите грен слем турнири. Со ваков успех може да се пофали и Род Лејвер, кој е еден од најдобрите тенисери во светот. Највпечатлив момент оваа година беше победата на Вимболдон во пет сетови против Федерер.

Ohridnews