Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и американската гимнастичарка Симон Билс се прогласени за најдобри спортисти за 2018 година во изборот на Академијата Лауерс која се одржа во Монако.
За најдобриот тенисер ова е четвртата награда од Академијата, додека Билс прв пат се закитува со престижното признание. Ѓоковиќ во изборот ги победи Килијан Мбапе, Лука Модриќ, кошаркарот Леброн Џејмс, атлетичарот Елид Кипчоге и Ф1 пилотот Луис Хамилтон.
Наградата за најдобар тим и припадна на француската фудбалска селекција за освоената титула на Мундијалот. Признанието „спортски дух на година“ замина во рацете на скијачката Линдзи Вон. Добитник на наградата „акција“ која се доделува за опасни спортови и припадна на американската сноубордерка Клои Ким. Најголем напредок во спортот минатата година забележа тенисерката Наоми Осака.
Линдзи Вон со наградата.
Светскиот рекордер на атлетски маратон (42км) Кипчоге доби награда за неверојатно достигнување, алпската скијачка Хенри Фаркаш од Словачка се закити со признание за успех со инвалидидет. Таа со оштетен вид освои шест медали на параолимписките игри.
Легендарниот голф играч Тајгер Вудс доби награда за кам бек на годината, а долгогодишниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер за животно дело.
Спортските награди на Академијата Лауреус се доделува од 2000 година, кога главен говорник и промотор беше јужноафричкиот политичар Нелсон Мендела. Рекордер e швајцарскиот тенисер Рожер Федерер кој шест пати се има закитено со титулата спортски лаурет.
OhridNews