Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Мајами, кој ќе започне следната недела.

Одлучив да го искористам ова драгоцено време да бидам дома со моето семејство. Имајќи ги предвид сите ограничувања, треба да најдам рамнотежа помеѓу времето на турнеја и домашното време, ја објасни својата одлука шампионот на Австралија опен.

Така, на турнирот во Мајами ќе недостасуваат Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Доминик Тим.

Од најдобрите 5, таму ќе играат само Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Турнир од Мастерс серијата ќе се одржи без барем еден играч од „Големите тројца“, првпат по Париз 2004 година. Оттогаш се одржаа 138 натпреварувања во оваа категорија, а Федерер, Надал и Ѓоковиќ освоија 95 титули во нив.

OhridNews