Финишот на сезоната нема да биде според плановите на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер поради повреда на рамото предвреме ќе ја заврши а ќе ја санира со операција.

Најдобриот светски тенисер, веќе побарал помош од клиниката во Цирих, Швајцарија каде изврши хируршки зафат на лакотот минатата година.

Ѓоковиќ не го одбрани трофејот на американскиот грен слем турнир УС Опен и не го повтори успехот од минатата сезона. Најголем противник на Ѓоковиќ во САД беше проблематичното рамо а не ривалите. До титулата на УС Опен стигна Рафаел Надал.

Информациите околу Ѓоковиќ не се потврдени од страна на тимот на српскиот тенисер но американските медиуми јавуваат дека тој бил забележан со бандажирано рамо, што доволно говори дека повредата не е наивна.

OhridNews