Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е апсолутен рекордер по бројот на седмици поминати на првото место на светската АТП рејтинг листа. Ѓоковиќ минатиот понеделник се изедначи со Рожер Федерер (310 седмици на врвото), а од денеска ја почнува 311-та седмица како најдобро рангиран тенисер.
Надминувањето на Федерер и избивањето на првото место на АТП рејнтиг листата е остварување на една од двете цели на Ѓоковиќ. Втората цел е освојување на 20 титули на грен слем турнирите и изедначување со бројот на титули, кои ги имаат освоено Федерер и Рафаел Надал.
Српскиот тенисер прв пат во кариерата на првата позиција се најде на 4 јули 2011 година. Потоа, четири пати се враќаше на првото место, а шест пати ја завршил годината како најдобар тенисер. Како прв тенисер во светот Ѓоковиќ има скор од 387 победи и 53 порази, вклучувајќи 117 победи и 30 порази против ривали од топ 10. Во финалните натпревари од сите турнир има скор 39-13.
- Топ 10:
1.Новак Ѓоковиќ
2.Рафаел Надал
3.Данил Медведев
4.Доминик Тим
5.Стефанос Циципас
6.Рожер Федерер
7.Александар Ѕверев
8.Андреј Рубљв
9.Диего Шварцман
10.Матео Беретини
OhridNews