На средбата со медиумите после победата во финалниот натпревар против Рожер Федерер на Вимболдон говореше за сите детали во текот на дуелот и општо за случувањата на најстариот грен слен турнир. Пред крајот еден од новинарите го праша Новак Ѓоковиќ дали ќе запее македонска песна како што беше случај во текот на турнирот и дали ќе го посети Охрид.

  • Кумот мој Невен е задолжен за изборот на музиката, а јас ќе бидам со моите деца и сопругата Јелена. Ја видов поканата од Премиерот и незнам кога, но мора да дојдам во Македонија и Охрид да го видам. – изјави синоќа Ѓоковиќ.

Делот каде што зборува Ѓоковиќ можете да го слушнете во 17-та минута од видеото.

Српскиот тенисер на Вимболдон стигна до шестата титулата, а во кариерата дојде до 16-от трофеј од грен слем турнирите.

OhridNews