Од водите на Охридското Езеро во близина на ресторанот „Чврга“ на градскиот кеј, во петокот околу 14 часот е извадено тело на средовечен маж од Охрид. Веднаш била повикана полиција и брза помош која констатирала смрт кај лицето.
Како што раскажуваат очевидци со кои разговараше екипата на ohridnews, средовечниот маж влегол во езерото да се разлади по што паднал во вода и потонал. Едно момче почнало да вика и да бара помош по што притрчале повеќе луѓе кои во тој момент биле на кејот, но не успеале да помогнат.
местото на несреќата
Српски турист кој во тоа време ловел риба на кејот го извадил мртвото тело на брегот. На местото на несреќата увид извршиле истражен судија, заменик јавен обвинител и екипа на СВР Охрид.
Ова е втора жртва за два дена во водите на Охридското Езеро, вкупно петта ова лето.
Г. Момироски