48-годишниот Славко Дракуловиќ од охридското село Долно Лакочереј попладнево се удавил на плажа во населбата Лагадин.

Според очевидци тој влегол во езерото  да се разлади по што исчезнал во водата.

Увидна екипа работи на расветлување на околностите под кои се случила оваа несреќа.

Ohridnews