Книгоиздателството „Матица“ ја објави стихозбирката „Врне ли, врне“ од поетот Ристо Лазаров.
Ова е негова 39-та поетска книга со која се одбележуваат 75 години живот на авторот (3о/ктомври) и 50 години творештво.
Најновата книга на Лазаров содржи вкупо 75 песни поместени во десет циклуси. Авторка на поговорот е Лидија Капушевска Дракулевска која посебно ја истакнува асоцијативноста на книгата ‘Врне ли врне’… Стилската разиграност на поетскиот дискурс на Лазаров, пишува Капушевска-Дракулевска, во интеракција со шареноликиот тематски потход, одат во прилог на космополитизмот на книгата. Поетскиот немир не е никогаш само и единствено личен, колку и да тргнува од индивидуалното искуство, а поетскиот глас е глас на целото, наведува „Матица“ во соопштението.
OhridNews