Откриена во 2011 година, во близина на јужноафриканскиот брег, една нова врста јастози е наречена „Munidopsis mandelai“, во чест на неодамна починатиот борец против апартхејдот, Нелсон Мандела. Овој вид јастог живее на длабочина од 750 метри и долг е само седум милиметри.
Научниците објасниле дека оваа врста ја откриле сосем случајно кога ги истражувале подводните планини на југозападот од Индискиот Океан. Задачата да му да де име на ситниот рак му била доверена на музејот Лондон кој го идентификувал. Во соопштението на музејот било наведено дека овој јастог бил откриен на големи длабочини во изолираниот дел ја јужноафриканскиот брег, а идентификуван бил во летото 2013 година. Помислиле дека би било прикладно да му дадат име по Нелсон Мандела, кој бил една исклучителна личност.