Од УХМР известуваат дека од денес попладне повторно се очекува нестабилно облачно време со дожд и грмежи.
Дневната температура ќе се движи во интервалот од 20 до 26 степени Целзиусови. И во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд и грмежи. Температурите нема да бележат значајни промени.